НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Втор состанок на Советот на Националната платформа за женско претприемништво во проширен состав со нови конструктивни насоки за заедничка соработка

Втор состанок на Советот на Националната платформа за женско претприемништво во проширен состав со нови конструктивни насоки за заедничка соработка

Денеска ( 16.02.2022) година на онлајн платформата ZOOM беше одржан вториот состанок на Советот на Националната платформа за женско претприемништво во проширен состав. Големиот интерес на поканетите претставници на граѓанските организации од целата држава беше воведен позитивен инпут во работата на Советот, како тело кое треба  во следниот двегодишен период да придонесе за подобрување на условите на женското претприемништво на локално и национално ниво.

Состанокот го отвори претседателката на Платформата Валентина Дисоска која во својот воведен дел се осврна на досегашната работа и на Платформата и на сите вклучени во овој економски сегмент, и нагласи дека жените претприемачи во земјава се во голема криза и дека мора да се изнајдат начини како ќе им се помогне, со главна цел да се придонесе за нивното економско јакнење. Платформата веќе од декември минатата година од национално почна да се шири на локално ниво, за која цел беа формирани осум Хабови во осумте Плански региони и ги избра Координаторките, кои беа присутни на состанокот.

За досегашните активности, новите членови на Советот ги запозна Емилија Андонова од  Фондација за менаџмент и индустриска сопственост( МИР), една од членките на Платформата, која ги потенцираше главните точки на кои се работеше во изминатиов период со потенцирање на  формирањето на Секторска и Тематска група, создавање на Документ за јавни политики, изработка на Барометар за женско претприемништво и секако успешно организираниот Самит 2021 за женско претприемништво, кој е прв од ваков вид кај нас.

За следните активности информираше Елена Блажевска координатор на проектот од Здружението  на бизнис жени (ЗБЖ), која ги потенцираше главните насоки од формирањето на Хабовите, настаните што престојат на локално ниво кои треба да ги организираат Координаторките, изборот и работата на Амбасадорките во истите плански региони, планираните студиски посети и секако следните два Самити 2022/23 година.

На состанокот беа присутни 40-тина претставници на различни организации од сите региони: Организација за бизнис жени од Струмица, Младински совет од Охрид, Женски форум од Тетово, Граѓанската иницијатива на жени од Свети Николе, Национален младински совет, Граѓанска организација за културен развој од Струмица, беше и претставник од а Mој правен советник од Скопје, Асоцијација за демократски развој на Ромите од Тетово, беа и претставници од Советот за превенција на малолетничка деликвенција од Кавадарци, Центарот за развој на источниот плански регион од Штип, Центар за развој на Вардарскиот плански регион од Велес, Центар за интеркултурен дијалог од Куманово, Центар за едукација и развој – ЦЕД, Фондација за поддршка на мали и средни претпријатија од Охрид, Здружение на лица со попреченост Инклузија од Куманово, Скопски плански регион, Асоцијација за демократски Иницијативи – АДИ , Здружение на Роми од Прилеп, од Охрид беше присутен и Центарот за мултукултурен развој, Бизнис конфедерацијата на Македонија, Здружението Амброзија од Пехчево и Бизнис Иновациски Центар од Струмица

Предлозите и сугестиите на присутните претставници на овие организации се во насока на наоѓање на нови решенија и начини за да се спроведуваат за севкупното подобрување на состојбите во женското претприемништво, пред се со едукација која треба да се насочи кон освојување на вештините од страна на жените за изнаоѓање на  полесен пристап до финансии.

Националната платфрома за женско претприемништво, која е формирана од четирите членики Здружение на бизнис жени (ЗБЖ), Сојузот на стопански комори (ССКM) , Фондацијата на менаџмент и индустриска сопственост (МИР) и Националната федарација на фармери (НФФ), кои програмски вклучуваат голем број на поединци и организации за целта на овој проект да допре до поголем број на жени претприемачки.

Проектот е имплементиран од: