НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ТЕМАТСКА ГРУПА -,,ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ” при Националната платформата за женско претприемништво (НПЖП)

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ТЕМАТСКА ГРУПА -,,ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ” при Националната платформата за женско претприемништво (НПЖП)

 

Здружението на бизнис жени, кое го спроведува проектот „Национална платформа за женско претприемништво“, кофинансиран од Европската Унија, во соработка Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Сојуз на Стопански комори на Македонија и Национална федерација на фармери за спроведување на проектните активности, објавува Јавен повик за пријавување на членови кои сакаат да учествуваат во тематска група “Пристап до финансии при Националната платформата за женско претприемништво

Платформата НПЖП се формираше преку спојување на веќе постоечката Платформа за женско претприемништво и Националниот совет за женско претприемништво со цел подобро искористување на потенцијалот од овие тела за развој на женското претприемништво и можноста за креирање на заеднички политики кои ќе придонесат за општото добро.

Основна цел на НПЖП е како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси и преку соработка со институции, приватен сектор, меѓународни партнери да го унапреди женското претприемништво, да се отвори пристап на глобалниот пазар и да воспостави еднакви услови за поддршка на компаниите водени или управувани од жени.

Структурата на НПЖП е составена од четирислоен пристап: 1) Совет за женско претприемништво 2) Оперативните групи, односно ад-хок групи (тематски и секторски групи) за адресирање на одредени области/сектори од интерес за женското претприемништво; 3) Хабови за женско претприемништво за координација на активности за ЖП на регионално ниво; и 4) Поширока заедница на платформата, составена од граѓански организации, кои ќе се приклучуваат на платформата и/или ќе учествуваат во различни активности на за женското претприемништво.

Повеќе детали за организирање и делување на тематската група се презентирани во прилогот кој е составен дел  на овој јавен повик.

Со почит

Валентина Дисоска

Претседателка, Национална платфoрма за женско претприемништво

Прилог: Опсег на надлежности на тематска група ,,Политики и програми за женско претпримништво” на НПЖП

ОПСЕГ НА НАДЛЕЖНОСТИ НА ТЕМАТСКА ГРУПА

Пристап до финансии на НПЖП

  1. За платформата

Националната платформа за женско претприемништво е доброволно, неформално обединување на активни актери од граѓанскиот сектор,  креатори на политики и релевантни институции што дејствуваат во областите на женското претприемништво. Платформата се формира од претходно постојниот Национален совет за претприемништво на жените (НСЖП), кој делува на ниво на национална политика и Платформата за јакнење на жените во претприемништвото. Овие структури како основа за поставување на Националната платформа за женско претприемништво (НПЖП) во корист на понатамошно економско зајакнување на жените и зголемување на нивното учество во процесите на јавна политика и на национално и на локално ниво.

  • Општо – улога и значење на тематските групи

За препознавање и решавање на предизвиците со кои се соочуваме во развојот  на женското претприемништво, НПЖП ќе организира 3 различни тематски групи за времетраење на проектот – кои ќе работат на развој на препораки за подобрување на условите во избраните области, како што се политики и програми за женско претприемништво, пристап до финансии, или други аспекти.

Пријавените членови на тематските групи треба да пристапат кон платформата со потпишување на декларацијата.

Резултатите од тематските групи ќе се објават преку посебна кампања со вклучување на традиционални и социјални медиуми. Истите ке бидат презентирани на годишните самити во рамки на проектот.

  • Цели и улога на тематска група ,,Пристап до финансии

Тематската група “Пристап до финансии”  е оперативна група на НПЖП со советодавна функција за делокругот на работење и областите на интервенција.  Активностите на тематската група се очекува да бидат корисни во однос на дефинирање и давање совети за креирање на поширок контекст на политики и програми за пристап до финансии во рамки на кои ќе се придонесе кон развојот на женското претприемништво. Оваа тематска група ќе работи на разгледување, советување и креирање на мислења и активности за:

  • пристапот на жените до прифатливи форми на финансирање,
  • развивање на нови форми на финансирање и
  • користење на фондовите на институциите и други финансиски инструменти.
  • Членови на тематска група

Тематската група се состои со ограничен број на членови кои се и членови на Националната платформа за женско претприемништво и се истакнати претставници од еко-системот на економско јакнење со специфичен осврт на женското претприемништво.

  • Пристап користен при креирањето на Тематската група
  • Водечки принципи при работењето на тематската  група:

Отворени за дискусија и соработка со сите релевантни чинители и стејкхолдери во областа на женското претприемништво;

Фокусирани и практични. Тематската група има за цел да биде фокусирана и практична во однос на темата за политики и програми за женско претприемништво;

Комплементарна и инспиративна. Тематската група има за цел да додаде вредност на постојната работа на НПЖП;

Релевантна за пошироката публика. Тематската група има за цел да произведе резултати релевантни за пошироко заинтересираната публика

  • Лични карактеристики на членовите на тематската група:

Лидерство – Позицијата мора да ја пополни лице кое има докажано искуство во поддршката на женското претприемништво;

Посветеност – Позицијата мора да ја заземе лице кое експлицитно ја изјавило својата посветеност да помине неколку часа секој месец за поддршка на НПЖП;

Теренски пристап – Позицијата е доделена на лице кое го изразува својот ентузијазам за промовирање на НПЖП во секоја прилика каде што е можно.

Претходни искуства и познавања на проблематиката

  • Одговорности на членовите на Тематската група
  • Да имаат познавање и редовно да ги следат промените на политиките и програмите за женско претприемништво
  • Да обезбедат совети и насоки за развој на нови решенија за предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачки во поглед на пристапот до финансии;
  • Да дадат осврт на регулативата со која ќе се постигне целосен увид на состојбите во регулативата и можностите за понатамошен развој на женското претприемништво;
  • Обезбедат совети за прашања покренати од раководната структура на НПЖП како и од членовите на платформата во врска со пристапот до финансии за женското претприемништво
  • Состаноци на Тематска група

Тематската група ,,Пристап до финансии” ќе одржи три состаноци во текот на 2022 година. Освен ако не е поинаку договорено, известување за средбата со која се потврдува местото, времето и датумот заедно со нивагендата на точки што треба да се дискутираат, ќе бидат проследени или известени до секојчлен на Тематската група, секое друго лице од кое треба да присуствува, најдоцна во рок од пет работни дена преддатумот на состанокот.

Состаноците на тематската група ги свикува Претседателот на платформата. Состаноците ги води претседателот на платформата заедно со секретарот на платформата. Секретарот на платформата врши запис од состаноците и ги праќа документите на увид по завршетокот на состанокот. На состаноците на тематската група учествуваат проектните партнери и заедно со членовите на тематската група  разговараат и донесуваат заклучоци и препораки за потребните активности кои треба да се преземат.

Како резултат од работата на тематската група ќе произлезе инфографик со релевантни информации и истите ќе бидат презентирани на Самитот 2022 година.

  • Начин на аплицирање

Аплицирањето за членство во тематската група се врши со доставување на професионална биографија на предложеното лице од ор­га­ни­за­ци­ја­та / институцијата и со потпишување на Декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво со која што апликантите ќе станат членови на НПЖП.

Декларацијата за потпишување ќе ја надете на следниот линк:  

Целосните документи (професионална биографија и декларација, потпишана и скенирана) треба да се достават најдоцна до 03.03.2022 година на следната маил адреса [email protected].

По разгледување на документацијата од страна на тимот на проектот ќе бидете повратно информирани во рок од 3 работни дена по завршувањето на огласот.

Проектот е имплементиран од: