Здружението на бизнис жени, кое го спроведува проектот „Национална платформа за женско претприемништво“, кофинансиран од Европската Унија, во соработка Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Сојуз на Стопански комори на Македонија и Национална федерација на фармери за спроведување на проектните активности, по завршување на објавениот Јавен повик за пријавување на членови кои сакаат да учествуваат во тематска група “Пристап до финансии” , во хотел Карпош во Скопје, го одржа првиот конститутивен состанок.
На состанокот најнапред членовите на Проектниот тим Елена Блажевска, од Здружението на бизнис жени, Емилија Андонова од Фондацијата за индустриско истражување и менаџмент -МИР и Мими Шушлеска Петкова од Сојузот на стопански комори и Јасмина Бошевса од Федерацијата на фармери, ги запознаа присутните со проектните активности досега како и за полановите и понатамошни активности.
Тематската група “Пристап до финансии” е оперативна група на НПЖП со советодавна функција за делокругот на работење и областите на интервенција. Активностите на тематската група се очекува да бидат корисни во однос на дефинирање и давање совети за креирање на поширок контекст на политики и програми за пристап до финансии во рамки на кои ќе се придонесе кон развојот на женското претприемништво. Оваа тематска група ќе работи на разгледување, советување и креирање на мислења и активности за:
пристапот на жените до прифатливи форми на финансирање,
развивање на нови форми на финансирање и
користење на фондовите на институциите и други финансиски инструменти
Тематската група се состои со членови кои се и членови на Националната платформа за женско претприемништво и се истакнати претставници од еко-системот на економско јакнење со специфичен осврт на женското претприемништво.
Тематската група има за цел да додаде вредност на постојната работа на НПЖП. Тематската група има за цел да произведе резултати релевантни за пошироко заинтересираната публика а нивните Лични карактеристики на членовите на тематската група пред се се: Лидерство – Позицијата мора да ја пополни лице кое има докажано искуство во поддршката на женското претприемништво; Посветеност – Позицијата мора да ја заземе лице кое експлицитно ја изјавило својата посветеност да помине неколку часа секој месец за поддршка на НПЖП; Теренски пристап– Позицијата е доделена на лице кое го изразува својот ентузијазам за промовирање на НПЖП во секоја прилика каде што е можно и Претходни искуства и познавања на проблематиката што би значело:Да имаат познавање и редовно да ги следат промените на политиките и програмите за женско претприемништво, Да обезбедат совети и насоки за развој на нови решенија за предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачки во поглед на пристапот до финансии;Да дадат осврт на регулативата со која ќе се постигне целосен увид на состојбите во регулативата и можностите за понатамошен развој на женското претприемништво; Обезбедат совети за прашања покренати од раководната структура на НПЖП како и од членовите на платформата во врска со пристапот до финансии за женското претприемништво.
Тематската група ,,Пристап до финансии” ќе одржи три состаноци во текот на 2022 година.
Како резултат од работата на тематската група ќе произлезе инфографик со релевантни информации и истите ќе бидат презентирани на Самитот 2022 година.