НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Повик за ОБУКИ за претставници од граѓанските организации – ЗАСТАПУВАЊЕ И ПОЛИТИКИ

Повик за ОБУКИ за претставници од граѓанските организации – ЗАСТАПУВАЊЕ И ПОЛИТИКИ

Национална Платформа за Женско Претприемништво – НПЖП со цел „Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавна политика застапување во областа на женско претприемништво со спојување на постојаните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа “ , кој се спроведува  во  соработка на  Здружение на бизнис жени, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Сојуз на Стопански комори на Македонија и Национална федерација на фармери го спроведува Проектот кој е кофинансиран од Европската Унија. 

Во склоп на овој проект отвораме повик за претставници од граѓанските организации кои имаат потреба од градење на капацитетите за застапување и политики поделени во следните области:
• застапување засновано на истражување и факти
• организациски менаџмент, вмрежување, собирање средства, одржливост
• организација на настани и интернет активизам

Предвидените дати за обуките се следниве:
• 19 ти и 20 ти мај (четврток и петок) 2022 во Скопје
• 02 ри и 03ти јуни (четврток и петок) 2022 во Скопје

Програмата за обуката за застапување ќе обезбеди приказ на успешни и неуспешни кампањи за застапување, видови и начини на застапување, дефинирање засегнати страни, целни групи и нивно мапирање. Дополнително, во склоп на обуката ќе се опфатат и алатки за застапување базирано на докази. Во текот на обуката ќе се работи низ практични примери. Во обуката за организациски менаџмент, вмрежување, собирање средства и одржливост ќе се работи на подигање на свеста кај граѓанските организации за различните можности за финансирање и поттикнување на примена на знаења во пракса и креирање на свои сопствени модели. Ќе се фокусира на потребата, важноста и процесите на креирање јавни политики и улогата на граѓанските организации, преку различни методолошки пристапи. Дополнително, програмата ќе понуди анализа и мапирање на чинители како и видови на стратегии при процесите на креирање на политики. Ќе се работи во обуката за организација на настани и интернет активизам со конкретни примери и можност за учесниците сами да пробаат да организираат настан и да ги прикажат научените вештини на дело.

Пријавување на следниот линк : https://forms.gle/P7dpbBkJm4Dg2hVT8 

Краен рок за пријавување  е 17-ти мај 2022 година.

Проектот е имплементиран од: