Вчера Општина Вевчани беше домаќин на средбата на 30-тина општини и Невладини и Граѓански организации од целиот Југозападен регион за формирање на Совет за женско претприемништво кој ќе функционира во рамки на регионот. На состанокот беа присутни претставници од Охрид, Струга, Жупа, Дебар, Дебарца, домаќинот Општина Вевчани, како и многу здруженија и организации, од кои нови осум ја потпишаа Декларацијата за женско претприемништво.
Ова е конкретен чекор за обединување на Југозападниот регион кој го поттикна Координаторката на овој регион на Националната платформа за женско претприемништво, Сузана Наумовска со што се поставија основите за работа и чекорење по нагорна линија на жените претприемачки, со стратегија за заедничко совладување на предизвиците и отварање на нови перспективи.
Општина Вевчани и градоначалникот Спасе Кочоски како и секогаш добар домаќин во однос на организацијата на состанокот, конструктивната дискусија, донесување на важни одлуки и заклучоци како и избор на панелисти за претстојниот Форум што кон крајот на мај ќе се одржи во Охрид, општина која од првиот момент кога ја потпиша Декларацијата активно се вклучи во развивање на подобри услови за жените претприемачки.
На состанокот присутните се договорија следната средба на Советот за женско претприемништво на Југозападниот плански регион да се одржи во Центар Жупа.