НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески, потпиша Декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво

Градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески, потпиша Декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво

На 12.05.2022 година, во просториите на општина Прилеп, се одржа средба помеѓу претставници на Националната платформа за женско претприемништво, претседателката Валентина Дисоска и проектниот координатор Емилија Андонова, градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески и заменичката градоначалничка Ирена Стерјовска Локвенец.

 

 

На средбата од страна на претседателката Валентина Дисоска  беше презентирана Националната платформа за женско претприемништво, како и понатамошното заедничко планирање и иницијални технички подготовки за претстојни активности на платформата. Градоначалникот на Прилеп, потпиша и Декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво.

Со декларацијата Општина Прилеп, во понатамошниот период ќе се залага за поддршка и промоција на женското претприемништво, како и создавање на поволно деловно опкружување и обезбедување поддршка за развој на претприемачкиот потенцијал на жените, со што ќе се придонесе кон развојот на постојните и креирање на нови претпријатија, на нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија.

Декларацијата, која е дел од Националната платформа за женско претприемништво меѓудругото предвидува и зајакнување на капацитетите на граѓанските организации со цел креирање политика, застапување и соработка со националните и локалните власти и формирање на локални клубови за женско претприемништво, како и промовирање на квалитетни примери на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и активно промовирање на позитивните примери за овозможување родова еднаквост.

Во рамките на понатамошното зајакнување на женското претприемништво, се разговараше и за формирање на совет за женско претприемништво во општината.

Проектот е имплементиран од: