НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Декларацијата за женско претприемништво потпишана во Општина Василево

Декларацијата за женско претприемништво потпишана во Општина Василево

“Родовата еднаквост во економскиот развој на oпштината е еден од предизвиците во мојот мандат како и Програмата на Градоначалникот . Рушењето на родовите бариери и ослободување на економскиот потенцијал кој лежи скриен во жените лидери,бизнис жени,жени носители на јавни функции се дел од моите ветувања, а кои веќе почнаа да се реализираат. Развојот на женското претприемништво и формирањето на Бизинис Хаб за жени претриемачи, се дел од моите ветувања, а кои веќе почнаа да се реализираат .

Денеска остварив средба со Координаторката за Југоисточен Плански Регион  на Националната платформа за женско претприемништво, и член на тематската група на Проектот Ксенија Вангелова, на којашто главна тема беше развојот на женското претприемништво “- изјави Славе Андонов Градоначалникот на Општина Василево на средбата .

Ксенија Вангелова ги претстави целите на проектот, меѓу кои главните се градење на Националната платформи како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси, олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од женското претприемништво на национално и локално ниво, промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика, а беше запознаена и со плановите на општина Василево во однос на унапредувањето на економскиот статус на жената.

Со потпишувањето на Декларацијата за унапредување на женското претприемништво ја дадов мојата поддршка на политиките и мерките за економско зајакнување на жената и ги презентирав моите планови во оваа област кои предизборно им ги ветив на жените од општина Василево, а тоа се развој на женското претприемништво и формирање на Бизнис Хаб на бизнис жени, а особено акцент на жените фармери и поттикнување на иницијативите на жени фармери.

Тоа значи максимален влог во создавањето на поволна бизнис клима и поддршка на бизнис идеите на жените. Затоа ги охрабрувам сите жени со претприемнички дух да бидат креативни, упорни и да ги искористат своите потенцијали- додаде Градоначалникот на средбата.

Проектот е имплементиран од: