Две успешни менаџерки од две средни училишта потпишаа Декларација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво. На средбата во СОУ Гимнзија Гоце Делчев -Куманово која се одржа на 12.09.2022 год. беа присутни директорката Марија Тодоровска, помош.директор Тања Ивановиќ и професор Александра Арсовска. Во Гимназијата учат 836 ученика од кои 218 изучуваат предмети од Бизнис и претприемништво.
На состанокот во Економското училиште СОУ Перо Наков-Куманово присуствуваа директорка Мила Жибак Димовска и членови на менаџмент, на стручна служба и професорки Фросина Јовановска, Фросина Насковска, Ивана Близнаковска Доцевска, Христина Илиевска. Во Економско училиште Перо Наков учат 800 ученика а 38 професори предаваат предмети од област на Бизнис и претприемништво, кој што се предава на сите ученици.
Со голем ентузијазам се прифати соработката за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво со тоа што ќе се упатуваат ученичките да го продолжат своето образование и на соодветни факултети како и јакнење на нивната самодоверба во надградување на знаењата, можностите и предизвиците да бидат успешни од оваа област.
На двете средби присутна беше и Дивна Јанкова, локален координатор на Североисточен плански регион во рамки на Национална платформа за женско претприемништво.