НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ЕМИЛИЈА МАНЧЕВСКА – АМБАСАДОРКА НА СЕВЕРНОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН НА НПЖП

ЕМИЛИЈА МАНЧЕВСКА – АМБАСАДОРКА НА СЕВЕРНОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН НА НПЖП

Емилија Манчевска како Амбасадорка на Националната платформа за женско претприемништво доаѓа со работно искуство во последниве 10 години како оперативен менаџер на човечки ресурси во веледрогерија ДПТС АУДИОМЕДИКА ДООЕЛ Куманово. „Во АУДИОМЕДИКА како одговорно лице и оперативен менаџер на човечки ресурси повеќе од 10 години со задоволство ја извршувам својата работа, исполнето и посветено се препуштам на новите предизвици што ги носи приватниот сектор. Поставување на краткорочен и долгорочен план за работа се со цел за поголем успех на нашата компанија- вели Манчевска за својата професионална работа.


Нејзината втора професија е пчеларството, веќе 15 години заедно како семеен бизнис, во последните пет  малку посериозно и поинтензивно се занима со органско пчеларство.

Ангажманот како Амбасадорка на Националната платформа за женско претприемништво и дава нови насоки во ангажирање на младите жени за нивно вклучување во бизнис светот како еден од начините за сопствена економска независност.

Проектот е имплементиран од: