НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Националната платформа за женско претприемништво, присутна на настаните за социјално претприемништво во Охрид и Скопје

Националната платформа за женско претприемништво, присутна на настаните за социјално претприемништво во Охрид и Скопје

На настаните одржани во сабота за подршка и развој на социјалните претпријатија во Охрид и Скопје, беше претставена и присутна Националната платформа за женско претприемништво.

Во Охрид на настанот присуствуваа координаторката и амбасадорката на НПЖП од Југозападниот плански регион, Сузана Наумовска и Јасмина Николоска кои придонесоа настанот да добие успешна презентација и вмрежувања со социјални претпријатија. На настанот беа пренесени успешни приказни за подршка на жените од секоја социјална категорија па дури и оние што се најмаргинализирани. Со активностите и целите на НПЖП беа запознаени и делегациите од Полска, Чешка и Унгарија и беше остварена комуникација со советници од регионот,  со цел формирање и заокружување на сите активности за формирање на Советот за женско претприемништво во Југозападниот плански регион.


Истиот ден,  сабота,  24 Септември, во Скопје се одржа годишен саем на Невладини организации и социјални претпријатија, организиран од Civica Mobilitas, на кој саем Координаторката на НПЖП за Источен плански регион, Ирена Мирчовска преку низа неформални активности и разговори со заинтересирани страни, ги презентираше активностите и можностите кои ги нуди НПЖП. Овие разговори се основа за понатамошна успешна соработка и нови вмрежувања. 

Проектот е имплементиран од: