Денеска, тимот на Националната платформа за женско претприемништво, предводена од претседателката на Националната платформа Валентина Дисоска. одржа работна средба со претставници на општина Градско. На средбата беше потпишана Декларација за подршка и развој на женското претприемништво од страна на Претседателката на Советот на Општината , г-ѓа Мирјана Ѓорѓиева. На работната средба присуствуваа и Претседателката на Комисијата за еднакви можности, г-а Маја Андовска како и членови на истата. На средбата од тимот на Платформата присуствуваа локалната координаторка на Вардарскиот плански регион Снежана Димитриевски и Емилија Андонова, Координатор за градење на капацитети во НПЖП.
На состанокот беше иницирана идејата за формирање на Совет за женско претприемништво на Општина Градско и беа дискутирани можните видови на соработка во полето на женското претприемништво.