Денес, во просториите на општина Велес беше остварен состанок на Претседателката на Националната платформа за женско претприемништво Валентина Дисоска и Емилија Андонова, Координатор за градење на капацитети во НПЖП со Претседателката на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените од општина Велес , Весна Атанасовска а присутни беа и Менка Андреева, член на Комисијата како и локалната координаторка на Вардарскиот плански регион, Снежана Димитриевски, Претседателката на Организација на жени на Општина Велес, Мирјана Трајкова и претставници од Одделението за Локален Економски Развој на Општина Велес.
На состанокот позитивно беше прифатена идејата за формирање на Совет за женско претприемништво на Општина Велес и беа дискутирани можните видови на соработка во полето на женското претприемништво.
Истовремено, беше потпишана Декларацијата за поддршка на женско претприемништво од страна на Претседателот на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените од општина Велес, г-а Весна Атанасовска.