Денеска претставниците на Националната платформа за женско претприемништво, Валентина Дисоска претседателка, Емилија Андонова ,координаторка з аградење капацитети и Викторија Рафајловски, Координаторка за Полошкиот регион, при посетата на овој регион имаа средба со градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше.
Градоначалникот Медат Куртовски ја потпиша Декларација за поддршка на женското претприемништво а на средбата беа дискутирани чекорите за идна соработка помеѓу Општина Маврово Ростуше и поддршка на жените претприемачки со информации, програми и совети за нивните бизниси.