Во Куманово на 02.11.2022 (среда) во Занаетчискиот дом ќе биде одржан Форумот за женско претприемништво за Североисточниот плански регион. со наслов “РАЗВОЈНИ МОЖНОСТИ ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО ВО СЕВЕРОИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН“.
Форумот ќе го отвори градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски а за значењето и активностите на Платформата ќе зборуваат претседателката Валентина Дисоска и координаторката на Проектот за градење на капацитети , и Програмски координатор во Фондацијата МИр, партнер на проектот.
Модератор ќе биде Дивна Јанковска, Координаторка на Североисточниот плански регион, која е организатор на Форумот.
На првата Панел дискусија на тема: Можности и дилеми на жените при процесот на започнување на сопствен бизнис и поддршката од локалните самоуправи за женско претприемништво, ќе зборуваат Г-ѓа Жаклина Јовановска – Градоначалничка на Општина Старо Нагоричане, Г-дин Борче Спасовски- Градоначалник на Општина Ранковце, Весна Петрова – Претседателка на Совет на Општина Кратово и Ивана Ѓорѓиевска – Претседателка на Совет на Општина Куманово
Втората Панел дискусија ќе биде на тема ”Развојни можности во женско претприемништво во Североисточен плански регион” а нејзини излагачи ќе бидат : проф. др. Марија Стојанова на ПВПУ „ЕУРО КОЛЕЏ” – презентација на согледувања и истражувања, Марија Димитријевска раководителка во Центар за вработување Куманово при АВРСМ а третата Панел дискусија ќе се осврне на “Патот до успехот на жени претприемачки во бизнис секторот. Нејзини панелисти ќе бидат Лидија Милановска управителка на Де Марко и претседателка на Здружение на чевлари Куманово и заменик претседателка на Здружение на текстилно-кожарска преработувачка индустрија во Стопанска комора на РСМ, Наташа Денковска Бојковска – директорка на Бучен Козјак, Викторија Дувлис – управителка на Дувлис МЕД ДООЕЛ и Дије Арифи – заменик раководител во Сектор за урбанизам на Општина Липково и претседателка на Здружение Илирија.