НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Формирање на Совет за женско претприемништво и поголема подршка на жените во бизнис секторот во Општина Радовиш

Формирање на Совет за женско претприемништво и поголема подршка на жените во бизнис секторот во Општина Радовиш

Тимот на Националната платформа за женско претприемништво: Валентина Дисоска – Претседател на Здружение на бизнис и Национална платформа за женско претприемништво, Емилија Андонова – Проектен координатор на Фондација за Менаџмент за индустриско истражување и Координатор за градење на капацитети на Национална платформа за женско претприемништво и Ксенија Вангелова – Локална координаторка на Навионалната платформа за женско претприемништво одржаа средба со претставници од општина Радовиш. На иницијалниот координативен состанок беа доскутирани различни идеи за Поддршка на женското претприемништво и беше договорено формирање на Локален совет за женско претприемништво каде ќе се иницираат различни мерки и програми за Поддршка на женско претприемништво.

Општина Радовиш ја прифати иницијативата за формирање Советот за женско претприемништво со цел посветување на поголема поддршка на жените претприемачи, креирање политики за родово буџетирање, унапредување на родовата рамноправност и програми за финансиска поддршка за жените кои ја почнуваат својата претприемачка приказна. Советот има за цел да креира програми и создава можности за финансиска поддршка на жените претприемачи, но и да креира стимулативни програми за започнување на нови бизниси за жените., нивно вмрежување и промоција на пазариВо своите општи цели Советот, пред се, ќе креира политики за да го олесни пристапот во учеството на жените во оштественото дејствување, ќе дејствува во насока на подобрување на политиките за подфршка на жените претприемачи , политиките за родова еднаквост , како и политиките за економско јакнење на жените.

 

Проектот е имплементиран од: