На 23 и 24 ноември Скопје ќе биде домаќин на меѓународна конференција за стимулирање и забрзување на транзицијата кон циркуларна економија во организација на Фондација Претприемачки Сервис за Млади и Фондација за Менаџмент и индустриско истражување.
Конференцијата ќе биде проследена и со меѓународни билатерални состаноци со цел да се поттикне синергија и соработка за истражување и развој во доменот на циркуларна економија.
Теми на конференцијата • Политики и мерки за циркуларна економија во Западен Балкан • Стратегии за циркуларни градови • Успешни приказни на проекти и компании • Увид во различни деловни модели и циркуларна економија во различни индустрии
Целни учесници Мали и средни компании, универзитети, центри за истражување и развој, организации и асоцијации и владини претставници со решенија за циркуларна економија.
Зошто да се учествува? • Осврт на циркуларни решенија • Вмрежување со најиновативните актери • Партнерство за идни нови бизниси и можности за истражување и развој
Конференцијата може да ја следите во живо или онлајн.