НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

САМИТ 2022- Панел дискусија на тема -“Младите и претприемништвото, можност и предизвици

САМИТ 2022- Панел дискусија на тема -“Младите и претприемништвото, можност и предизвици

Последната Панел диксусија , која ќе се одржи на вторито ден од Самитот 2022 година е посветена на Младите и претприемнуштвото со налсов “Млади и претприемништво.можности и предизвици“

Младите се клучен фактор во градењето на иднината на претприемништвото и женското претприемништво. Мотивацијата и подршката секако се важни  за младите луѓе.

На Панел дискусијата, која ќе биде од 11 и 20 часот на 18.11. 2022 во петок, ќе учествуваат: 

 

Андреј Стојкоски , член на управен одбор на Националниот младински совет на Македонија – НМСМ.   Тој е волонтер во Алијансата на млади и студент на градежниот факултет. Активностите на Националниот младински совет се континуирани и се насочени воглавно кон организиарање на обуки, посети, насочување на младите и изнаоѓање на решенија во справување со невработеноста и освојување на претприемништвото и социјалното претприемништво како важен фактор во справување со овој предизвик.

 

Втор панелист е Билјана Стојческа, програмски координатор на Младинскиот Сојуз од Крушево кој е активен во Крушево, како и во  канцеларијата во Скопје, која служи како Национален центар за средби и активности на младите луѓе активни во рамките на Младинскиот Сојуз. Претприемништвото е актуелна тема на младите и затоа секогаш се следи со интерес.  Во својата работа вели Стојческа, имаат алатки и ги тераме младите да ги користат и тие никако  не треба да чекаат да  се вработат во јавна администрација. Во последниов период го форсираат социјалното претприемништво. а за следни планови се  отворање  канцеларија за младинска соработка со Грција, изработка на мапа на градови за развој на социјални претпријатија, сакаме најмалку 15 градови пријатели на младите. 

 

Од Извидничкиот одред “Феникс“  чија мисија  е придонес во образованието на младите луѓе низ систем на вредности заснован врз извидничките завети и закони, помош во изградба на подобар свет каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството, ќе зборува Ивана Сурлаџиоска, до минатата година  началник на одредот ! Одредот Феникс веќе седма година активно работи на ангажирање на младите и работа на најразлични проекти, кои се во функција на подобри услови за живот и работа. 

Во оваа Панел диксусија ќе учествуваат и Неда Инономова Гаврилоска Советник во одделение за подготовка на програми. Таа на Самитот ќе зборува за можностите за образование на младите, Програмите кои ги изработува и спроведува ФИТР како и предизвиците со кои се соочуват младите и начините како да им се помогне. 

 

Проектот е имплементиран од: