НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

ВЕБИНАР НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО – Преглед на добри практики: ,,Жените претприемачки напредуваат заедно со поддршка на интернационални организации’’

ВЕБИНАР НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО – Преглед на добри практики: ,,Жените претприемачки напредуваат заедно со поддршка на интернационални организации’’

Учењето од врсници е моќна алатка за зајакнување на практиката, координацијата, соработката и културата на учење во заедницата. Во Националната платформа за женско претприемништво, го поддржуваме овој процес со прикажување на добри практики на членовите на нашата заедница. Затоа, на 22-ри ноември, тимот на Националната платформа за женско претприемништво одржа вебинар на тема Преглед на добри практики: ,,Жените претприемачки напредуваат заедно со поддршката на интернационалните организации’’, со инспиративни и мотивациони говорници, несебично споделувајќи ги своите добри практики, давајќи можност да се реплицираат или да се приклучат на постоечка, веќе работна практика.

 

Овој вебинар е дел од серијата вебинари за врсничко учење на Национална платформа за женско претприемништво за пренесување на знаењето на Европски реномирани компании и организации кои работат во полето на женско претприемништво. Националната платформа за женско претприемништво се реализираше од страна на Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Здружението на бизнис жени и Сојузот на стопански комори на Македонија.

Клучот за зголемување на бројот на жени претприемачи во светот е да ги направиме познати и да ги споделат своите успешни приказни со другите. Моделите за улоги се од витално значење во претприемачкиот свет – тие служат како моќни потсетници за она што е веќе постигнато и што допрва треба да се направи. Преку слушањето на овие инспиративни приказни за успех, жените имаат поголема веројатност да се чувствуваат повеќе опремени да ги следат своите цели и да ги остварат своите претприемачки соништа. Моќта на поврзување со други истомисленици не треба да се потценува, а менторството треба да биде цел во која било индустрија за да се осигура дека жените добиваат што е можно повеќе ресурси.

Модератор на денешниот вебинар беше Емилија Андонова, проектен менаџер во Фондација за менаџмент и индустриско истражување и координатор за градење на капцитети во Националната платформа за женско претприемништво..

 

Вебинарот преку интерактивен разговор се осврна на темата женско претприемништво и успешни практики со три прекрасни жени, кои стојат позади успешни компании и  организации кои работат во полето на женско претприемништво. Првата говорничка беше Serena Bonfanti која е Член на борд на директори на АПИД и ко- сопственик на F. LLI Bonfanti. Како претприемачка но истовремено како дел од организација која што брои приближно 350 жени кои водат свои компании, Serena е активно вклучена во активностите на АПИД како претставник на здружението на европско ниво и постигнува видни резултати. На денешниот вебинар ја донесе успешноста која стои позади нејзиниот успех во компанијата во која работи но и можностите кои тие ги нудат во АПИД за жените претприемачки.

Веднаш по неа зборуваше Ombretta Pellerey која е Основачка партнерка на Bioleader srl а воедно и  дел од управниот одбор на АПИД, кој обединува претприемачи за да ги промовира придобивките од женското претприемништво, да ја подигне свеста за корпоративната општествена одговорност кај компаниите и да поддржи повеќе жени во синдикатите и раководните тела. Во компанијата се занимава со менаџмент и дизајн, но има и техничка улога, како консултант за поголеми компании. Преку нејзината приказна Ombretta сподели дека патот на една успешна жена претприемачка е исполнет со многу успеси, падови и предизвици. Без разлика на околностите, потребно е брзо прилагодување и постојано учење. Токму преку нејзиниот пример увидовме кои се работите кои ни се потребни за успех.

Во последниот дел зборуваше Yolima van den Berkmortel која е Ко-основачка на International Creative Women со претприемачко исксутво од повеќе од 20 години во различни земји. Таа ги знае сите чекори за започнување бизнис во странска земја и помага на жените  претприемачки кои се соочуваат со отворање на бизнис преку давање поддршка, совети и информации, токму затоа е и ко-основач на International Creative Women, организација која обезбедува поддршка на жените претприемачи во Холандија. Преку нејзниот пример погледнавме колку е битна интеграцијата на жените од кроскултурата за да можат да комуницираат, да учат и да растат. Токму затоа тие во нејзината организација споделуваат придобивки не  само на деловно, туку и на емотивно ниво.

Вебинарот понуди одлична можност за вмрежување, врсничко учење и споделување на добри практики со цел да се подобри поддршката што ефикасно им се дава на жените претприемачи.

 

Проектот е имплементиран од: