Стратегијата за родова еднаквост на Европската комисија за периодот, 2020-2025 ја има поставено тековната рамка за активностите на ЕУ за промовирање на една од нејзините фундаментални вредности, еднаквоста меѓу жените и мажите. Од планираниот петтгодишен период, 2021 година беше втора година од нејзиното спроведување. Тоа беше, исто така, втора година од пандемијата СOVID-19, која јасно ги разоткри постоењето на некои длабоко вкоренети нееднаквости во општеството и во економијата, истовремено потсетувајќи на тоа колку за општеството се важни жените и нивната работа но дојде на површина и континуирано потценување на истите.
Извештајот се фокусира на клучните активности и достигнувања за родовата еднаквост од страна на институциите на ЕУ и земјите-членки. Прикажува некоиинспиративни практики и иновативни проекти и ги претставува клучните трендови и најновите достапни податоци.