НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Претставнички од граѓански организации, вработени во Општини и Советнички од локални Совети во Македонија на студиска посета во Будимпешта, Унгарија

Претставнички од граѓански организации, вработени во Општини и Советнички од локални Совети во Македонија на студиска посета во Будимпешта, Унгарија

 
 
Емилија Андонова, Програмска координаторка од Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Координаторка за градење на капацитетите при НПЖП  и Валентина Дисоска, Претседателка на Здружение на бизнис жени и НПЖП платформа предводеа 10 претставнички од: Општина Карпош, Здружение за екологија и заштита на животна средина Еко Тим Исток – Кочани, Слоу Фуд Конвивиум Охрид, Совет на Општина Велес, Општина Градско, Совет на Општина Кратово, Општина Неготино, ЛАГ АГРО лидер од Прилеп, Совет на Општина Куманово и Општина Охрид на Студиска посета во Будимпешта  и имаа можност на дело да ги видат синергиите помеѓу улогата на жените во економијата и иновациите, споделување на знаење и добри пракси. Имајќи го предвид потеклото на учесничките во програмите кои промовираат женско претприемништво тие имаа можност на дело и да научат повеќе за програмите, иницијативите и можностите кои беа споменати во доменот на нивната работа.
 
 

Студиската посета им даде можност на учесниците да остварат состаноци со различни локални, национални и Европски чинители во полето на женско претприемништво како што се: HEFTA Research Institute and Center for Economic and Social Analysis, Women Business angels, Budapest Enterprise Agency, EIT Food, Hungarian Association of Craftsmen’s Corporations – IPOSZ, SEED Foundation, Impact Hub Budapest. Воедно имаше и претставување на работата на Националната платформа за женско претприемништво како дел од Европска конференција  каде беа претставени активностите на самата платформа, очекуваните резултати и споделени добри практики.

Студиската посета е дизајнирана како активност за градење тим, за да придонесе за подобра размена на информации, практики за ко-дизајнирање и создавање посилни врски помеѓу лицата кои го носат вистинскиот обем на работа на конкретни активности. Врежувањето и учењето меѓу колегите се особено фаворизирани имајќи предвид дека повеќе од засегнатите страни за време на консултативниот состанок ги истакнаа проблемите со несоодветните практики за развој на кариера во секторот на работа и ја истакнаа важноста на воспоставените мрежи за институционална поддршка peer to peer за нивните секојдневни активности.

Преку спроведување на овие активности Националната платформа презема водечка улога во унапредувањето на националниот и регионалниот екосистем, со цел вклучување на националните чинители во заедничкиот европски пазар.

Проектот е имплементиран од: