Јавен повик за ангажирање на експерт/и за изработка и испорачување на програма за пристојна работа
во рамки на проект
„ПРИСТОЈНА РАБОТА ЗА ЖЕНИ РАБОТНИЧКИ – Социјално учество и зајакнување“
финансиран од Европската Унија
Скопје, 31.07.2023
Инструкции за апликанти
ВОВЕД
Здружението на бизнис жени со седиште на ул. Христо Татарчев бр. 25, 1/3 1000 Скопје (Нарачател), кое го спроведува проектот „ ПРИСТОЈНА РАБОТА ЗА ЖЕНИ РАБОТНИЧКИ – Социјално учество и зајакнување “, финансиран од Европската Унија, во соработка Фондација за менаџмент и индустриско истражување, објавува Јавен повик за ангажирање на експерт/и за изработка и испорачување на програма за пристојна работа во рамки на дводневна тренинг академија.
На повикот може да се пријават физички и правни лица или тим од неколку експерти.
Цел на проектот:
Општа цел: Промоција, поддршка и зголемување на социјалното учество и правата на жените работнички во Северна Македонија.
Специфични цели:
Поттикнување механизми во рамките на Националната платформа за женско претприемништво (NPWE) за поддршка на пристојната работа за жените работници;
Промовирање на вредноста на пристојната работа за работничките во постоечкиот социјален дијалог;
Придонес за заштита на работничките права на работничките;
Зголемување на јавната свест за важноста на пристојната работа за инклузивен и одржлив економски раст.