Јавен повик за ангажирање на експерт за изработка на документ за поддршка и развој на женско претприемништво на тема „Онлајн продажба“ во рамки на проект
„Национална платформа за женско претприемништво (NPWE)“, кофинансиран од Европската Унија
Скопје, 15.09.2023
Инструкции за апликанти
- ВОВЕД
Здружението на бизнис жени со седиште на ул. Христо Татарчев бр. 25, 1/3 1000 Скопје (Нарачател), кое го спроведува проектот „Национална платформа за женско претпримништво (NPWE)“, кофинансиран од Европската Унија, во соработка Фондација за менаџмент и индустриско истражувањ и Сојуз на Стопански комори на Македонија, објавува Јавен повик за ангажирање на експерт за изработка на документ за поддршка и развој на женското претпиемништво на тема ,,Онлајн продажба,,.
Цел на проектот:
Општа цел: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на ЖП со спојување на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.
Специфични цели:
- Градење на национална платформа за ЖП како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси;
- Олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од ЖП на национално и локално ниво;
- Подобрување на капацитетите на граѓанските организации за ЖП за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти;
- Промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и (младинско) економско зајакнување поврзани со ЖП;
- Придонес кон видливоста и опфатот на платформата.
- ЦЕЛ И СТРУКТУРА НА НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИМНИШТВО
Креирањето на Национална платформа за женско претпримништво, во понатамошен текст НПЖП, произлезе од потребата за дијалог, структурна соработка и доверба за женското претприемништво со националната и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница, со цел за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги младите и жените од руралните подрачја. Фокусот е насочен кон зголемување на еднаквоста и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст.
При дизајнирање на структурата на управување на НПЖП се користи четирислоен пристап: 1) Совет на НПЖП, 2) Оперативните групи 3) Хабови за координација на активности на регионално ниво; и 4) поширока заедница на НПЖП. Советот е највисока структура на управување составен од лимитиран број на членови кои имаат највисоко влијание во адресираните области
- ОПИС НА АНГАЖМАН И РАБОТНИ ЗАДАЧИ
Ангажманот предвиден во овој повик е потребен заради изработка на документ во рамки на проектот НПЖП.
Работни задачи:
- Подготовка на документ за развој и поддршка на женко претпримништво на тема ,,Онлајн продажба,,
- Временска рамка за подготовка на документот е 10 работни дена
- Документот треба да прикаже детална анализа на моменталната состојба во Република Северна Македонија во однос на дадената тема
- Документот треба да содржи анализа на регионално, европско и светско ниво за состојбите и препораките во однос на дадената тема
- Експертот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.
Повикот може да го преземете на следниот ЛИНК