Проектот Национална Платформа за женско претприемништво им овозможи на претставнички од граѓански организации кои работат во полето на женско претприемништво, вработени во Општини и Советнички од локални Совети во Македонија да учествуваат во студиска посета во Малме, Шведска
Од 17-19 октомври 2023 година во организација на проектот Национална платформа за женско претприемништво – НПЖП, кофинансиран од Европската Унија, во Малме, Шведска се одржа студиска посета за претставнички од граѓански организации кои работат во полето на женско претприемништво, вработени во Општини и Советнички од локални Совети во Македонија.
Емилија Андонова, Програмска координаторка од Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Координаторка за градење на капацитетите при НПЖП и Валентина Дисоска, Претседателка на Здружение на бизнис жени и НПЖП платформа предводеа 10 претставнички од: Совет на Општина Куманово, Скопје и Охрид, Општина Зелениково, Новаци, Берово, Кратово, Кочани, Здружение за родова еднаквост ВИЗИЈА од Кавадарци и Здружение на граѓани ИСЧЕКОР – Општество за сите од Валандово на Студиска посета во Малме и имаа можност на дело да ги видат синергиите помеѓу улогата на жените во економијата и иновациите, споделување на знаење и добри пракси. Имајќи го предвид потеклото на учесничките во програмите кои промовираат женско претприемништво тие имаа можност на дело и да научат повеќе за програмите, иницијативите и можностите кои беа споменати во доменот на нивната работа.
Студиската посета им даде можност на учесниците да остварат состаноци со различни локални, национални и Европски чинители во полето на женско претприемништво како што се: International Women’s Organisation in Malmo (www.ikf.se/t-en) и LEVEL incubator (www.levelmalmo.se/). Во склоп на богатата агенда беа претставени работата на Националната платформа за женско претприемништво, презентирани добри пракси и проекти кои успешно биле спроведени од хост организациите во Малме.
Оваа посета беше дизајнирана како активност за градење тим, со цел да придонесе за подобра размена на информации, практики за ко-дизајнирање и создавање посилни врски помеѓу лицата кои го носат вистинскиот обем на работа на конкретни активности во полето на женско претприемништво.
Врежувањето и учењето меѓу колегите беа посебно фаворизирани, имајќи предвид дека повеќе од засегнатите страни за време на консултативните состаноци ги истакнаа проблемите со несоодветните практики за развој на кариера во секторот на работа. Исто така, беше истакната важноста на воспоставените мрежи за институционална поддршка peer to peer за нивните секојдневни активности. Овој настан не само што овозможи значаен разговор за предизвиците пред женското претприемништво, туку и поттикна идеи и иновации што ќе бидат од корист за целокупната заедница.
Исклучително благодарни сме на сите учесници и говорници кои споделија свои искуства и знаења. Нивната ангажираност и идеите што ги споделија ќе бидат важен водич за идни иницијативи. Преку спроведување на овие активности Националната платформа презема водечка улога во унапредувањето на националниот и регионалниот екосистем, со цел вклучување на националните чинители во заедничкиот европски пазар.