Во периодот септември-октомври 2022 година, Националната платформа за женско претприемништво (НПЖП) го спроведе второто годишно истражување на перцепциите и ставовите во врска со состојбите со женското претприемништво. Целта беше да се утврдат актуелните тенденции и евентуални промени во споредба со минатата година, но и да се разгледаат прашања поврзани со новите, тековни предизвици кои се наметнуваат врз националната економија воопшто и конкретно врз жените претприемачи.
Барометарот за женско претприемништво за 2022 година се заснова на 27 прашања со повеќе понудени одговори и прашања од отворен тип, распоредени во 6 категории: – основни податоци за испитаничката; – деловно опкружување за започнување и водење сопствен бизнис; – мотивација, предизвици и потреби на жените претприемачи; – пристап до финансии; – лични искуства и очекувања; – актуелни предизвици.
Резултатите од истражувањето за женско претприемништво сега се достапни во вид на извештај Барометар за женско претприемништво 2022.
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА И ПРИСТАПУВАЊЕ кон Советот на Националната платформа за женско претприемништво
Советот на НПЖП за женско претприемништво е заеднички договор меѓу учесниците и е заснована на принципи на партнерство и слободна волја, без конкуренција на организациите потписнички на овој меморандум.
ДЕЛОВНИК за работа на Националната платформа за женско претприемништво
Креирањето на Национална платформа за женско претприемништво, произлезе од потребата за дијалог, структурна соработка и доверба за женското претприемништво со националната и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница, со цел за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги младите и жените од руралните подрачја. Фокусот е насочен кон зголемување на еднаквоста и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст.
Документ за јавни политики – Жените во руралните средини и претприемништво
Документот за јавни политики “Жените во руралните средини и претприемништвото“ претставува анализа и препораки за сеопфатно унапредување на условите за поголем развој на женското претприемништво во руралните средини во Македонија.
Во рамки на Проектот Национална платформа за женско претприемништво, во текот на ноември беше изработен Барометар за женско претприемништво, кој беше презентиран на Првиот Самит 2021 “Нови предизвици и можности„ што се одржа во Скопје на 18 и 19 ноември.
Резултатите од истражувањето за женско претприемништво сега се достапни во вид на извештај Барометар за женско претприемништво 2021.