НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

БАЗАР ЗА ЖЕНИ РАКОТВОРКИ НА 17 И 18 МАЈ – АКО САКАТЕ ДА ГО ПОСЕТИТЕ, ПРИЈАВЕТЕ СЕ!

БАЗАР ЗА ЖЕНИ РАКОТВОРКИ НА 17 И 18 МАЈ – АКО САКАТЕ ДА ГО ПОСЕТИТЕ, ПРИЈАВЕТЕ СЕ!

Со цел одбележување на занаетчиството и женското претприемништво, Центарот за управување со промени (ЦУП) со поддршка на сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, организира тридневен базар за промоција на жени од занаетчискиот сектор.

Настанот ќе биде организиран во резиденцијата на Претседателот на РСМ на 16, 17 и 18 мај 2022 година. Посетите ќе се организираат во групи, со времетраење од 1 час.


Со оваа пријава аплицирате за посета на базарот на 17 мај 2022 од 10.00 до 11.00 часот.

Напомена:


Поради безбедносни причини и согласно редовните процедури на протоколот на безбедносната служба на Претседателот на РСМ, во оваа пријава има поле каде треба да го наведете вашиот матичен број. Податоците ќе бидат користени само за наведените потреби на настанот и тајноста на истите е загарантирана согласно Законот за заштита на лични податоци. Личните податоци ќе бидат избришани после настанот. 

Пријавување за 17 мај на следниов линк:

https://docs.google.com/forms/d/1jkiYADcs1upNwWpogqNOWOhRFqivKYfYWmMJvjLsApc/edit

Пријавување за 18 мај на следниов линк: 

https://docs.google.com/forms/d/196pstmWK1yvAAyTPZadQJjlYid5GfGEpJswF-p5qTrg/edit

Проектот е имплементиран од: