ОПШТИНА ШТИП СО ПОДДРШКАТА НА НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМАТА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО
Во просториите на општина Штип, денеска Градоначалникот на општина Штип Г-дин Иван Јорданов ја потпиша Декларацијата за поддршка на женското претприемништво. На состанокот на кој присуствуваа Ирена Мирчовска – координатор на Националната платформата за женско претприемништво за Источен регион и Маријана Николова, беше разговарано за проектот за женско претприемништво и можностите кои ги нуди истиот.
Градоначалникот Јорданов на средбата даде безрезервна поддршка и подготвеност, за вклучување во проектните активности во рамките на потребите за подршка и равзој на женското претприемништво.