НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

МАРИЈА КАМЧЕВА – АМБАСАДОРКА НА ВАРДАРСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ВО НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

МАРИЈА КАМЧЕВА – АМБАСАДОРКА НА ВАРДАРСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ВО НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Марија Камчева по образование е дипломиран професор по англиски јазик и има завршени студии на Филолошки факултет Блаже Конески, катедра за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. По работното искуство на ОУ „Страшо Пинџур“ во Кавадарци како наставник, Марија го продолжува својот професионален развој во Општина Кавадарци каде што работи тековно, како  Координаторка за еднакви можности. Во нејзиниот секојдневен ангажман на работното место  Камчева работи на: идентификување и давање предлози за начинот на инкорпорирање и формализирање на принципот на еднакви можности и недискриманција во работа на организирање на единицата на локалната самоуправа; води грижа за доследно спроведување на одредбите од законот за еднакви можности  и предлага на Советот мерки и активности во насока на унапредување на еднаквите можности и недискриминација врз основа на анализа на утврдените состојби  во областите во надлежност на единицата на локалната самоуправа; ја води соработката со Комисијата за еднакви можности во рамки на Советот на локалната самоуправа и покренување на заеднички иницијативи со цел унапредување на еднакви можности и недискриминација; ја поттикнува соработката со невладините организации и останатите институции на локално ниво. Како помлад соработник во сектор за Локален економски развој, организира  настани и работилници со цел промовирање на еднаквите можности на мажите и жените, организира и спроведува Трибини на теми од родовата еднаквост и семејното насилство, разни форуми и моделира стратегија за родова еднаквост. 

Во својата досегашна работа учествувала на настани, фокус групи и презентации  во рамки на проектот INN@SEE- Младинско учество преку иновативно социјално претприемаштво финансиран од Европската Комисија како и на обука за развој на социјално претприемаштво во соработка со Здружението за социјални иновации ,, Арно”  за градење на млади иноватори кои имаат желба да ги развијат своите бизнис идеи со кои се нуди решение за некаков општествен или еколошки предизвик. Обука за зајакнување на финансиските вештини и зголемување на економските знаења, во организација на  Здружение за социјални иновации РАДАР, учество на презентација на родова анализа направена во рамки на проектот,,Јавните тоалети на јавните патишта низ државата” .Обука за градење на капацитети во областа на родово оддговорно буџетирање ( во организација на Центарот за  истражување и креирање политики), обука во организација на Хелсиншки комитет за ,, Системи на заштита на човекови права” и многу други активности се дел од нејзината професионална биографија.

 

Марија Камчева е комуникативна личност, тимски ориентирана , одговорна и професионална.  Во својата работа претпочита  системски и партиципативен пристап, организираност, управување со време и приоритети, исполнителност и посветеност, ориентираност кон видливи резултати.

Работата како Амбасадорка во Вардарскиорт плански регион на Националната платфоррма е уште еден предизвик на оваа млада личност која работата и дава мотив за остварување на нови предизвици со позитивни резултати.

Проектот е имплементиран од: