НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Тимот на Националната платформа за женско претприемништво оствари работна средба со Делегацијата на германското стопанство

Тимот на Националната платформа за женско претприемништво оствари работна средба со Делегацијата на германското стопанство

Тимот на Националната платформа за женско претприемништво предводен од Валентина Дисоска – Претседателка на Национална платформа за женско претприемништво и Здружение на бизнис жени, заедно со Емилија Андонова – Програмска координаторка во  Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Мими Шушлеска – Советник во Сојуз на стопански комори на Македонија, денеска остварија работна средба со Делегација на германското стопанство во Северна Македонија https://nordmazedonien.ahk.de/mk/ .

На средбата присуствуваа, Патрик Мартенс – Директор на делегацијата на германското стопанство (Делегација на германското стопанство во Северна Македонија), Маријан Малинов – Координатор  (Македонско – Германско стопанско здружение) и Марина Станков – Проектен менаџер (Делегација на германското стопанство во Северна Македонија) .

На состанокот беа дискутирани престојните активности кои ги имаат Националната платформа за женско претприемништво и Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, во полето на женско претприемништво како и поддршката која е потребна за жените претприемачки.

Во поглед на престојните настани кои ги имаат двете организации беа договорени заедничките интереси за соработка.

Проектот е имплементиран од: