НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

САМИТ 2021 – Онлајн вклучување на Virginia Littlejohn едно од водечките имиња во светот на женското претприемништво

САМИТ 2021 – Онлајн вклучување на Virginia Littlejohn едно од водечките имиња во светот на женското претприемништво

 Virginia Littlejohn e ко-основач и извршен директор на Quantum Leaps и работи како виш советник во Организацијата за економска соработка и развој за женско претприемништво од 1996 година. Таа воедно е делегат на САД во Women20(W20) и копретседавач на работната група за женско претприемништво.

 

Quantum Leaps е глобален акцелератор за женско претприемништво, кој ги споделува најдобрите практики и ги предводи позитивните промени на светско ниво. Основана е со грант од Фондацијата Кауфман, истакната фондација во САД која ги поддржува иновациите во претприемништвото.

 

Virginia  Littlejohn одиграла голема улога во организирањето на конференциите  во 1997 и 2000 година во Париз, за иновации и подршка на претприемништвото на жените. Во 2004 година, таа го организирала  и копретседавала со Форумот за забрзано женско претприемништво на OECD во Истанбул. Неодамна, таа работела со OECD на обука за жени за претприемништво на Блискиот Исток и Северна Африка, фокусирајќи се на вештините за подигање на свеста и застапување.

 

 

Г-ѓа Littlejohn има децениско искуство во поттикнување на растот на женското претприемништво на меѓународно ниво. Во САД, таа ја координирала програмата за лобирање што резултирало со финансирање на Канцеларијата за сопствеништво на женски бизнис на Администрацијата за мали бизниси (SBA) и била првиот национален застапник за жени во бизнисот на годината на SBA во 1980 година. 

 

Нејзината богата биографија и бројни светски активности во рамки на женското претприемништво, ќе биде диполнето и со нејзиното онлајн учество на Првиот Годишен Самит на Националната платформа за женско претприемништво под мотото „ Нови перспективи за женско претприемништво“, што на 18 и 19 ноември ќе се одржи во хотел Александар Палас, во Скопје.

 

Virginia ќе учествува со своја онлајн дускусија на 18 ноенври во рамки на Панел дискусијата „ Меѓународни искуства и успешни приказни за подршка на женско претприемништво“, со што на сите што ќе ја следат ќе им пренесе бројни позитивни практики и искуства од целиот свет.

 

Споделувањето на најдобрите практики во женското претприемништво е нејзината животна страст-како што самата најчесто изјавува!

 

За сите што сакаат да ја следат нејзиното излагање доколку не се во живо присутни,  можат тоа да го сторат на ZOOM платформата https://us02web.zoom.us/j/82058627748 

Проектот е имплементиран од: