НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Проект финансиран од ЕУ – Поддршка на социјалните претпријатија

Проект финансиран од ЕУ – Поддршка на социјалните претпријатија

Проектот “Поддршка на социјалните претпријатија”, финансиран од страна на Европската унија, a во соработка со Министерството за труд и социјална политика, се спроведува со цел да поддржи и обезбеди долгорочно и одржливо вработување и деловни можности за ранливи и маргинализирани групи.

Во рамките на проектот е предвидено да се воспостават структури за поддршка на социјалните претпријатија кои ќе обезбедат низа услуги како што се трансфер на знаење и директна поддршка за градење на капацитети, формално и неформално образование и обука, бизнис едукација, организација на настани, споделување канцелариски простор или опрема.

Овие активности ќе ги зајакнат капацитетите на структурите за поддршка да можат да го анализираат и следат пазарот на социјални претпријатија, да ги идентификуваат потребите, да помагаат во развивање и промовирање на нови услуги, како и да ги олесни прилагодувањата на политиките и законската рамка со цел да се создаде погодна средина за развој на социјални бизниси.

Проектот треба да постигне неколку значителни резултати:

  • Понатамошно подобрување на правната рамка во врска со социјалното претприемништво, дефинирање на протокол и процедури за регулирање на основањето, работењето и поддршката на социјалните претпријатија, како и воспоставување на систем за следење на работата на социјалните претпријатија и проценка на ефектите од мерките и структурите за поддршка на социјалните претпријатија;
  • Основање на центар за поддршка на социјалните претпријатија, и обезбедување на одржливо функционирање на тимот за поддршка на социјалните претпријатија;
  • Воспоставување на компетентни локални контактни точки за обезбедување оперативна поддршка за социјалните претприемачи, со дефиниран деловен модел за услугите што ќе ги нудат;
  • Развиени квалитетни услуги за поддршка и програми за обука усогласени со потребите на социјалните претпријатија, како и зголемени организациски, менаџерски и технички капацитети, со цел социјалните претпријатија да станат попрофесионални и одржливи;
  • Подобрено знаење за одредбите и примената на новиот Закон за социјална заштита и новиот Закон за јавни набавки, со цел поактивно вклучување на социјалните претпријатија во доменот на пружање услуги;
  • Зголемена видливост на социјалните претпријатија и подигање на свеста во врска со потребата од нивното постоење.
  •  

Проектот “Поддршка на социјалните претпријатија” опфаќа широк спектар на активности поделени во четири различни, но тесно поврзани компоненти:

Компонента 1 – Создавањето на поволен правен, регулаторен и финансиски систем за поддршка за социјалните претпријатија бара јасно разбирање за видовите на организации што треба да бидат вклучени во социјалната економија. Групата на социјални претпријатија би вклучувала граѓански организации, задруги (вклучително земјоделски задруги), заштитни друштва, трговци и други форми на трговски организации со социјална мисија, млади претприемачи, како и неформална иницијативи на солидарност. Проектот ќе ги земе во предвид сите овие различни форми на организации, при давањето поддршка на создавање на поволна и кохерентна правна, регулаторна, финансиска поддршка и мониторинг рамка за социјалните претпријатија.

Проектот исто така ќе изврши преглед и проценка на формите и обемот на достапната финансиска поддршка за социјалните претпријатија и ќе изготви извештај што ќе се користи како основа на препораките за социјалните претприемачи како да ги подобрат нивните капацитети за добивање финансиска поддршка.

Компонента 2 – Воспоставување структура за поддршка на постојните и потенцијалните социјални претпријатија / претприемачи преку формирање на тим за поддршка на социјални претпријатија и мрежа на локални контакт точки за поддршка, истовремено обезбедувајќи локација (главен центар – “независна” канцеларија во Скопје) каде што тимот за поддршка на социјалните претпријатија ќе престојува и функционира. Во склоп на оваа компонента треба да се дефинираат и решенија за одржливото работење на главниот центар, како и мрежата на локални контакт точки. Одржливоста е клучна со цел да се оправдаат инвестициите од страна на ЕУ во промоција на социјалната економија во Северна Македонија преку овој проект, така што ќе се направат напори да се обезбеди континуирано работење на Центарот за поддршка на социјални претпријатија и мрежата на локални контактни точки за поддршка и по завршувањето на овој проект.

Компонента 3 – Активностите за градење и зајакнување на капацитетите се осмислени со цел да достигнат широк спектар на целни групи, почнувајќи од постоечки и потенцијални социјални претпријатија / претприемачи, членови на мрежата на социјална економија, релевантен персонал на МТСП и други релевантни министерства и институции, како и вработените во локалната самоуправа, јавните оператори и локалните граѓански организации. Овие активностите ќе обезбедат портфолио на квалитетни програми за обуки и услуги за поддршка усогласени со потребите на социјалните претпријатија, вклучувајќи обука за прибирање средства, развој на деловни активности, управување, спроведување и следење; развој на производи и зајакнување на социјалните претпријатија преку вмрежување и градење на односи со бизнис заедницата и други релевантни актери во локалното подрачје, како што се финансиски институции, деловни организации, оператори на јавни услуги или локални власти.

Компонента 4 – Зголемување на јавната свест и видливоста на социјалните претпријатија во земјата. Проектот ќе го организира и води развојот на брендот (логото) за социјални претпријатија, ќе го поддржува развојот на стратегијата за комуникација, и ќе организира комуникациски активности и настани со цел размена на искуства.

Временската рамка за спроведување на овој проект е 24 месеци, од септември 2020 до август 2022. Клучните засегнати страни и целни групи се: Министерство за труд и социјална политика, Министерство за економија, Фонд за иновации и технологија, Агенција за промоција на претприемништво, Агенција за вработување, претставници на мрежата за социјална економија, Секретаријатот за европски прашања (СЕП), претставници на други релевантни министерства и институции и други релевантни чинители (Граѓански организации, деловна заедница, банки или други финансиски организации).

Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, е одговорна за целокупната изведба на проектот и резултатите што се очекуваат да произлезат од проектот.

Проектот е имплементиран од: