НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

САМИТ 2022- НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО – ЦЕЛИ, РЕЗУЛТАТИ И ИДНИ ЧЕКОРИ

САМИТ 2022- НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО – ЦЕЛИ, РЕЗУЛТАТИ И ИДНИ ЧЕКОРИ

 

Вториот ден 18.11.2022 година (петок ), ќе започне со презентирање на документи, препораки од годинешната работа и следните активности на Националната платформа. 

Креирањето и имплементацијата на Националната платформа за женско претприемништво, на локално ниво како и активностите организирање на Форуми во сите Плански региони, согледување на состојбите, пристапот до финансии, предизвиците со дигитализацијата се само дел од она што го сработи Тимот на Националната платформа за женско претприемништво.   

 

На почетокот на овој дел ќе зборува  Емилија Андонова, Проектен координатор во Фондација за Менаџмент и индустриско истражување – МИР и координатор за градење на капацитети во Национална платформа за женско претприемништво и ќе го претстави Барометарот на НПЖП за 2022 година, кој е своевиден показател на потребите на жените претприемачки, приказ на состојбите и насоки за понатамошно делување.

 

Резултатите и насоките од работата на Тематската група, нивните препорки на тема “Пристап до финансии ќе ги презентира  Мими Шушлеска Петкова, Сојуз на Стопански Комори  –

проф. Ристе Темјановски – соработник на Проектот ќе го претстави Документот за јавни политики “Жените претпремачи во дигиталниот свет: како да се премости родовиот јаз“, кој произлезе од работата на Секторската група. Документот покрај во дигитална форма веќе е и испечатен и секако претставува корисно четиво на оваа многу важна тема во работата на жените претприемачки.

Елена Блажевска, Проектен координатор во Здружението на бизнис жени и асистент на Националната платформа за женско претприемништво ќе ги претстави идните планираби активности во третата година од постоењето на Платформата со назнака за целите, идните чекори и очекувани резултати за 2023 година кога во декември месец ќе се заокружи работата на Националната платформа за овој тригодишен период.  

На  Вториот Самит, насловен како   “Инспиративна иднина“, Националната платформа за женско претприемништво, веднаш по овој дел е бидат доделени и двете награди, кои ќе станат и традиционални и по минатогодишниот пример, претставуваат и валоризација за сработеното но и поттик за понатамошна работа. Ќе бидат доделени наградите за: “Најуспешна млада лидерка“ и “Граѓански организации – добри практики“.

Проектот е имплементиран од: